„Граѓаните“ крадат две желби на Јунајтед

EPA-EFE/OCTAVIO PASSOS

Манчестер сити се наоѓа на два натпревари до триумф во Премиер лигата, но „граѓаните“ сезонава ќе ја паметат по болната елиминација од Тотенхем во Лигата на шампионите.

Тие веќе трета година под водство на Пеп Гвардиола не успеаваат да обезбедат пласман во полуфиналето на ЛШ, и поради тоа на лето планираат да ја засилат екипата како конечно би ја исполниле целта.

Главен приоритет на Гвардиола во летниот преоден рок ќе му биде ангажирање играчи во средниот ред и на списокот се наоѓаат само три имиња за кои се подготвени повеќе од 200 милиони евра.

Жоао Феликс од Бенфика кого го бара половина Европа, а меѓу нив е и градскиот ривал, Манчестер јунајтед, е достапен за 120 милиони евра. Толку изнесува клаузулата и Бенфика нема намера да преговара за намалување на сумата. Според португалскиот весник „Рекорд“, директорот на Манчестер сити, Чики Бегиристајн веќе имал средба со родителите на младиот фудбалер на Бенфика, Карлос Секуеро и Карла Феликс, на која ги уверувал дека Жоао би напредувал под тренерската палка на Гвардиола.

Второто име на списокот на Гвардиола, е исто така голема желба на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон. Тој би требало да дојде како замена за Илкај Гундоган кој на лето си оди од Сити. И тука „граѓаните“ ќе мора да ја платат откупната клаузула која изнесува 35 милиони евра.

Третата желба е фудбалерот на Атлетико Мадрид, Родри. Атлетико за еден од најдобрите фудбалери сезонава бара 70 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот