Граѓаните кои ќе аплицираат на огласот на МВР да поднесат барање и да обезбедат потврда

Основниот кривичен суд – Скопје соопшти дека сите граѓани родени на територија на град Скопје кои ќе аплицираат на огласот на Министерството за внатрешни работи за 600 полицајци, треба навреме да поднесат барање и да обезбедат потврда дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност, која е неопходна за аплицирање на огласот.

Од Основниот кривичен суд наведуваат дека за добивање на наведената потврда, потребно е секој граѓанин или друго лице со негово полномошно заверено на нотар или адвокатско полномошно да поднесе барање на шалтерот за потврди/уверенија, што се наоѓа во старата зграда на судот, заедно со лична карта на граѓанинот или патна исправа и копија од истата и да уплати 320 денари – буџетска такса со картичка на пос – терминал или уплатница.

Шалтерот работи секој работен ден од 8 часот до 14:30 часот со пауза од 11 часот до 11:30 часот, а потврдата се издава за три работни дена од денот на поднесување барање, наведуваат од Основниот кривичен суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот