Граѓаните ќе може да извадат дигитален сертификат дека се вакцинирале, велат од Министерството за здравство

Вакцинален пункт Борис Трајковски - Фото: Слободен Печат. / Драган Митрески

Вакцинацијата на повозрасните граѓани тече во моментот. Станува збор за граѓани над 77 години и веќе се пријавуваат и граѓани постари од 76 години, после што ќе се спушта границата и натаму и истите ќе се опфатат при пристигнувањето на новите пратки вакцини, велат од Министерството за здравство за Слободен печат.

Закажан е и состанок на бордот на Европската медицинска агенција меѓу 6 и 9 април и од тие препораки ќе произлезе и одговорот на прашањето дали ќе произлезат нови насоки за возрасната граница на оние што се вакцинираат со вакцината на производителот Астра Зенека. Тие препораки ќе ги примени и македонското здравство.

,,Доколку ставот е да се продолжи вакцинацијата со Астра Зенека и нема никаков проблем сите ќе може да бидат и ревакцинирани со оваа вакцина. Околу 20 проценти од закажаните термини не се реализирани на пунктовите ширум државата”, објаснуваат од Министерството.

Дефиниран е сертификатот за Ковид 19 вакцинација. Инаку ЕУ се уште има само предлог за ковид пасош, кој не е усвоен.

,,Нашата земја ги следи препораките на ЕУ и ќе се прилагодиме кон нивните препораки и насоки што ќе бидат дадени. Граѓаните доколку имаат потреба ќе може да извадат сертификат за уредна вакцинација кој ќе биде дигитален, инаку потврдата што ја добиваат за вакцинација ќе биде доволен доказ за вакцинален статус во нашата земја”, велат од министерството за Слободен печат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот