Граѓаните ќе имаат увид врз потрошените средства за справување со Ковид – 19

На веб страницата ќе бидат објавувани јавни набавки направени од институции на централно ниво кои се однесуваат на справување со кризата, податоци за нефинансиски донации од сите институции, податоци за финансиски донации на наменски сметки на генерален секретаријат на Влада и на Министерство за здравство и податоци за сите исплати од буџетот направени како мерки за справување со кризата.

Од сега граѓаните преку новата алатка достапна на веб страница за финансиска транспарентност на Владата ќе може да извршат увид во потрошените средства како и врз донациите кои ги добила државата, а се искористени за справување со новиот корона вирус Ковид – 19.

Ова денеска го изјави министерот задолжан за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски кој посочи дека за таа цел се спроведе поврзување на базите на институциите со електронскиот систем на јавни набавки и сега граѓаните, медиумите и сите заинтересирани ќе можат на едно место да се информираат за сите трошења поврзани со КОВИД-19.

Одговорното владеење и транспарентност се еден од суштинските приоритети на Владата во изминатите три години и во таа насока е и оваа алатка. Само така се гради систем на доверба во институциите наспроти машинеријата на лажни вести, изјави Поповски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот