Граѓаните ќе имаат прилика да ја видат опремата од воената вежба „Одлучен удар 19“

Фото: МИА

Возила, вооружување и опрема која се употребува на заедничката воена вежба „Одлучен удар 19″, на која учествуваат околу 2.700 војници од нашата армија и армиите на САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора, денеска ќе бидат презентирани пред граѓаните на Свети Николе.

Присутните на градскиот стадион во Свети Николе од 18:00 до 21:00 часот ќе имаат можност преку директна комуникација поблиску да се запознаат со опремата, постапките и процедурите кои ги извршуваат припадниците на армиите учеснички на оваа досега најголема воена вежба кај нас.

Воедно ќе можат да го проследат фудбалски натпревар помеѓу локалната самоуправа и екипа од припадниците на армиите кои учествуваат на вежбата, а за време на настанот над стадионот ќе има прелет од армиски хеликоптери МИ-18 и УХ-60.

Вежбата која повеќе од еден месец ќе се изведува на армискиот полигон „Криволак” има за цел зајакнување на стандардните оперативни процедури на единиците од составот на армијата, подобрување на интероперабилноста и унапредување на заемното разбирање и доверба и зајакнување на меѓусебната соработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот