„Граѓаните“ имаат одлична сезона, може да освојат четири титули!

Суперкомпјутерот најголеми шанси за триумф во ЛШ му дава на Манчестер сити/ Фото: EPA-EFE/Tibor Illyes

Составот на Пеп Гвардиола оваа натпреварувачка сезона 2020/2021 има навистина добри резултати и со сериозни амбиции да освојуват трофеи во повеќе натпреварувања.

Вечерва обезбедија четвртфинале во Лигата на шампионите откако двапати фудбалерите на Манчестер сити го совладаа тимот на Борусија Менхенгладбах.

И според предвидувањата на светските обложувалници премиерлигашот од „Етихад“ има најголеми шанси да се искачи на европскиот трон.

Во Премиер лигата е на добар пат да го освои првото место, моментно има 71 бод, 14 повеќе од второпласираниот Манчестер јунајтед.

На 25 април ќе го играат финалето во Лига купот во Лондон на „Вембли“ стадионот против Тотенхем. А воедно се борат и за трофеј во ФА купот, таму на 20 март во четвртфиналето ќе ги одмери силите со Евертон.

Шансата за освојување на сите тие натпреварувања постои, иако Гвардиола не верува дека тоа може да се случи.

– Четири трофеи се утопија. Тоа никогаш не се случило и мислам дека нема ни да се случи – вели Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот