„Граѓаните“ го капарисаа португалскиот суперталент

EPA-EFE/OCTAVIO PASSOS

Англискиот шампион Манчестер сити ќе ја активира откупната клаузула и за 120 милиони евра ќе го купи фудбалерот на Бенфика, Жоао Феликс, објави весникот „Ас“. Според весникот, Португалецот веќе се договорил да потпише петгодишен договор кој ќе му носи по пет милиони евра годишно.

Жоао Феликс имаше одлична сезона во дресот на Бенфика со постигнати 20 голови и 11 асистенции, по што го сврте вниманието на најбогатите екипи како Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Ливерпул, Манчестер јунајтед, Јувентус, ПСЖ…

Реал Мадрид понуди 80 милиони евра со можност уште една сезона да остане во португалскиот тим но понудата беше одбиена. И Атлетико Мадрид понуди 120 милиони евра обесштетување исто како и Манчестер сити, а Жоао Феликс избра да игра за Пеп Гвардиола.
На Бенфика не и успеа намерата да потпише нов договор со Феликс за да ја зголеми откупната клаузула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот