„Граѓаните“ го известија Наполи дека се откажаа од Кулибали

Калиду Кулибали осум години настапуваше за Наполи/фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Со купувањето на Диаш од Бенфика, Манчестер сити го затвори преодниот рок.

Англискиот вицешампион и официјално се откажа од купување на Калиду Кулибали, „граѓаните“ денеска го известија Наполи дека повеќе не се заинтересирани за трансфер бидејќи веќе ангажираа друг дефанзивец.

Овој потег на Манчестер сити дополнително ќе ја зголеми напнатоста на релација Наполи и Фали Рамадани кој е агент на Кулибали.

Рамадани по завршување на минатата сезона му вети на Наполи дека ќе обезбеди вистинска понуда од Манчестер сити, понуда која ќе ги задоволи и двете страни. Преговорите помеѓу англискиот и италијанскиот тим траеја цело лето, медиумите известуаа дека Наполи бараше помеѓу 70 и 80 милиони евра, додека Манчестер сити беше подготвен да издвои највеќе 60 милиони.
Откако пропаднаа преговорите, поголем дел од медиумите во Италија објавија дека Манчестер сити воопшто не доставил официјална понуда за Кулибали, а како главен виновник го посочија токму Рамадани.

Пеп Гвардиола конечно си најде дефанзивец, Диаш за 55 милиони евра се сели во Сити

Манчестер сити по убедливиот пораз од Лестер во Премиер лигата, експресно реагираше и вчера за 55 милиони евра го договори Рубен Диаш од Бенфика која освен парите го доби и искусниот Николас Отаменди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот