ГРАЃАНИТЕ ГО ИЗРАЗИЈА СВОЈОТ РЕВОЛТ: Протест против аерозагадување „Куманово се гуши”

Фото: МИА

Симболично во пет до дванаесет почна протестот „Куманово се гуши” против аерозагадувањето во градот кој го организира граѓанската иницијатива „Македонија се гуши”. Со транспаренти и маски, граѓаните го изразија својот револт, од како што велат алармантната состојба со аерозагадувањето.

Фросина Ѓорѓиевска од иницијативата вели дека Куманово последниве месеци е еден од најзагадените градови во светот.

– Биравме политичари кои нудеа решенија за чист воздух, а сега бараме конкретни решенија. Биравме живот, не бавна смрт. Бараме од градоначалникот наместо да се расшетува по светот да се прибере дома и под итно да преземе мерки за намалување на аерозагадувањето – рече Ѓорѓиевска и потенцираше дека во делови од градот концентрациите на штетните честички е 15 пати повисоко од дозволеното.

Тие очекуваат итни мерки и од локалната власт, но и од Владата, додавајќи дека аерозагадувањето го скратува животниот век.

Од граѓанската иницијатива предлагаат краткорочни и долгорочни мерки за справување со овој проблем, меѓу  нив рестриктивно движење на возила од 16 до 23 часот, бесплатен, јавен, субвенциониран превоз во зима, ваучери за купување велосипеди, формирање зелени пешачки зони, чистење депонии и формирање зелени површини, субвенции за купување печки на пелети од општината со 50 проценти. Меѓу долгорочните мерки кои ги бара граѓанската иницијатива се и е пет проценти од општинскиот буџет да се инвестира во животна средина, интензивирање на гасификација со поддршка од Владата, субвенции за гасификација на домаќинства и индустријата, нови паркови, пошумување на околината, купување автобуси што работат на природен гас, донесување нов генерален урбанистички план.

Овие предлози ќе бидат доставени до надлежните од Општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот