1 C
Скопје

Граѓаните гласаат за новиот изглед на „Партизан”

Граѓаните имаат можност да се запознаат со идејните проекти кои се подготвени од македонски и странски архитекти и да гласаат за новиот изглед на објектот.

На веб страницата на Општина Карпош поставени се двата идејни проекти за новиот изглед на спортската сала „Наум Наумовски – Борче” (позната како „Партизан”).

Граѓаните имаат можност да се запознаат со идејните проекти кои се подготвени од македонски и странски архитекти и да гласаат за новиот изглед на објектот.

(Линк до анкетата: https://bit.ly/374LeOV ).

Можноста за гласање за еден од понудените проекти ќе трае 10 дена, од денот на поставувањето на веб страницата на Општината, поточно од 8 до 18 февруари 2020.

Двата идејни проекти го задржуваат авгтентичниот изглед на салата, но вметнати се и нови содржини, со цел „Партизан” да се прилагоди на новото време и да добие во мултифункционалност.

Прочитајте и...  Зелено сценарио во енергетиката со инвестиции, меѓусекторска соработка и јакнење на свеста

Идејните решенија се изработени на волонтерска основа, од страна на архитекти – членови на Меѓународната невладина организација „Културно ехо”.

Овој култен спортски објект, при крајот на 2019 година, беше вратен на трајно користење на Општина Карпош. Локалната самоуправа веќе презема активности за негово оградување, а по изборот на идејното решение ќе следува и подготовка на основен проект.

За реконструкција на „Партизан” се предвидени средства од Агенцијата за млади и спорт.

Поврзани вести

ВИДЕО I Ооо Пјетер! Спасувачите извлекоа старец затрупан под 4 метри снег

Илинка Иљоска

Повторно отворена „Јавна соба“ – групата на која се споделуваа експлицитни фотографии

Слободен печат

ВИДЕО: Експлозијата го тресе Ријад само неколку дена по друг обид за напад

Слободен печат

Општина Карпош: Направените штети многу тешко се санираат дури и по законски пат

Анета Стојковска

ВИДЕО: Во исчекување на вакцините против ковид-19, земјите од Западен Балкан го губат трпението

Илинка Иљоска

Бајден се слушна и со Столтенберг: САД остануваат посветени на колективна одбрана и на зајакнување на трансатлантската безбедност

Слободен печат

Остави Коментар