„Граѓаните“ ги оставија Адеми и Динамо без Лига на шампиони (ВИДЕО)

twitter/UEFA Champions League

Динамо Загреб поведе со голот на Дани Олмо во 10. минута но во продолжението на натпреварот на сцена стапи Габриел Жезус кој постигна хет-трик и го остави Динамо Загреб без европска пролет.
Четвртиот гол во финишот на натпреарот го даде Фил Фоден.

Второто место во групата и припадна на Аталанта која како гостин со 0:3 го совлада Шахтјор Доњецк. Кастање, Пашачиќ и Госенс му овозможија на италијанскиот тим за прв пат да се најде во осминафиналето на Лигата на шампионите.


Манчестер Сити како ги заврши настапите како лидер во групата со 14 бода, Аталанта е втора со седум бода, пред украинскиот тим со шест бода и ќе игра во Лигата на Европа, додека инамо Загреб со пет освоени бода е последен во групата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот