Граѓаните бараат укинување на скапата тарифа за струја додека трае вонредната состојба

Во прилог на барањето доставени се и потписи на 36 илјади граѓани кои даваат поддршка на ваквата иницијатива.

Група граѓани бара воведување евтина тарифа на струјата за време на вонредната состојба, заради повисоките режиски трошоци поради наредбите за останување дома како заштита од корона вирусот, а во прилог на барањето поднесува иницијатива потпишана од 36 илјади граѓани. Бараат иницијативаат да биде разгледана на првата седница на Владата.

Тие се повикуваат на членот 71 од Уставот кој е во важност и во услови на вонредна состојба, односно дека 10.000 граѓани и натаму се овластени предлагачи, ако не на закон, тогаш на уредба со законска сила.

-Во вонредна состојба суспендиран е Парламентот, но граѓанските права не се. Може да се зборува за ограничување на нивните права, но во никој случај не може да стане збор за нивно целосно укинување. Во случајов, Владата ги презема ингеренциите и обврските на Парламентот, а една од ингеренциите и обврските на Парламентот е да одлучува по предлог закон на 10.000 граѓани. Така што, во услови на прогласена вонредна состојба, 10.000 граѓани се и натаму овластен предлагач на закон/уредба за законска сила, велат од граѓанската иницијатива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот