Граѓанин се жали на измама со личен документ сторена од МВР

мвр зграда
Принтскрин

Ивица Ѓорѓиевски од скопското село Раштак има поднесено преставка до Министерството за внатрешни работи, во која, според неговото тврдење, вработена во Управните служби на МВР, каде што се издаваат лични документи се обидела да му подметне личен документ со грешно презиме, кое тој, доколку го употребел, ќе сторел кривично дело.

Бидејќи Ѓорѓиевски навреме ја забележал грешката која не му била поправена, поднел и пријава против вработената и институцијата кои тој ги обвинува за измама и за злоупотреба на службена положба.

Во писмото испратено до нашата редакција, тој вели:

„На 26 септември лани поднесов барање за промена на лично име со цел потоа да извадам и нов пасош затоа што има на постоечкиот веќе му измина рокот на важност. Тогаш вработената на шалтеропт ме информира дека штом ќе заврши постапката за промена на името ќе ми биде закажан термин за издавање на пасош. На 6.11.2018 откако бев повикан се јавив на шалтер бр. 4 во канцелариите на МВР во зградата на МРТ.

Тогаш вработената Сања се обиде да ме измами со невалидни рачно напишани документи со кои сакаше да ме регистрираат во компјутерските системи на МВР и да ми издадат лични документи со погрешни податоци. Таа ми покажа рачно напиш документ за кој тврдеше дека е мој и ме убедуваше дека погрешно сум запишан во Матична книга, односно дека моето презиме не е Ѓорѓиевски туку Ѓоргиевски и дека морам да извадам нови документи лична карта со новото презиме Ѓоргиевски. Јас не прифатив да извадам нови документи со погрешно презиме, па поднесов барање и извадив нов извод од Матична книга, а поднесов и Претставка до МВР и го доставив изводот до МВР.

Потоа пак бев повикан во МВР. Вработениот овој пат го промени претходното нивно барање. Ми објасни дека ќе ми дадат лична карта со моето презиме Ѓорѓиевски, но претходно мораат да ме регистрираат во нивните компјутерски системи со погрешното презиме, нешто кое јас го одбив“, пишува Ѓорѓиевски.

За својот проблем со Управните служби на МВР тој веќе го има известено и Народниот правобранител и Државната изборна комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот