Граѓани во Тирана, Драч и Валона излегоа на протестен марш против сексуалното насилство

Пратеникот Валтери побара враќање на смртната казна во Албанија, додавајќи дека „кој ќе допре дете да биде обесен во центарот на градот”.

Под мотото „За украденото детство” доцна попладнево во Тирана, Драч и Валона, се одржаа протестни маршеви на кои учествува илјадници граѓани, главно жени заедно со нивните ќерки.

Ова се случува по обелоденувањето на сексуалното злоставување на 15-годишна ученичка од страна на 65-годишен чувар на училиште. Обвинетиот, освен што тоа го правел под присила и закана дозволил девојчето да го силуваат и неколкумина адолесценти.

На протестот во Тирана имаше и познати имиња,како поранешната пратеничка Грида Дума, албанската музичка ѕвезда Аурела Гаќе, пратеникот Халит Валтери и многу други, кои маршираа од плоштадот „Мајка Тереза” до пред зградата на Министертвото за образование.

Учесниците носеа плакати на кои најчесто пишуваше „Смрт за педофилите„ и „Сакаме правда”.

Претходно на денешната пленарна седница пратеникот Валтери побара враќање на смртната казна во Албанија, додавајќи дека „кој ќе допре дете да биде обесен во центарот на градот”.

-Кој ќе допре дете да биде обесен, да се врати смрттната казна, апелирам да почнеме иницијатива за тоа и да го измениме кривичниот законик. Овој педофил треба да се обеси во ценатрот на градот, рече тој од собраниската говорница.

Во Албанија, според учесниците во протестниот марш, 12 отсто од децата сексуално се вознемирувани, додека пет отсто сексулно се злоставувувани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот