Граѓани на Минеаполис одржаа и мирен протест со танцување и пеење (ВИДЕО)

Фото: EPA

За разлика од останатите протести во градот, на овој имаше многу малку полициски сили.

Неколку стотина бесни Американци поради смртта на Џорџ Флојд се собраа утрово пред градското собрание во Минеаполис и одржаа мирен протест.

За разлика од повеќето протестанти кои кршат и палат, сега веќе во повеќе градови ширум САД, овие стотина Американци на мирен начин го изразија своето незадоволство поради полициската бруталност од која загина и 46-годишниот Афроамериканец Џорџ Флојд.

Протестот го одбележаа со песни, танц и соопштување протестни ноти преку мегафон.

Да потсетиме, дека протести ширум Америка траат од вторникот, ден откако Флојд почина од последиците на насилно апсење од страна на четворица американски полицајци. За разлика од останатите протести, на овој имаше многу малку полициски сили.

Денеска, претседателот Доналд Трамп потврди дека Националната гарда пристигнала во Минеаполис. Повеќе од 500 војници се подготвени да им пружат безбедност на граѓаните во екот на протестите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот