Графички роман: „Уметноста на летањето“ со пораки на хуманост

Стрип-книжарницата „Бункер“ го објави графичкиот роман „Уметноста на летањето“ на Антонио Алтариба и Ким. Оттаму велат дека изборот на романот не е случаен, бидејќи станува збор за вистинско ремек-дело, чие прво издание во 2009 година било означено како пресвртница во историјата на графичкиот роман во Шпанија и ја освоило најпрестижната шпанска награда „Premio Nacional del Comic“ под покровителство на Министерството за култура на Шпанија.

Ова извонредно дело е споредувано со „Маус“ од Арт Спигелман, првиот графички роман освојувач на Пулицеровата награда во 1992 година. Следувале преводите на голем број јазици: англиски, француски, германски, италијански, португалски, турски, корејски, каталонски, како и дузина престижни награди. Познатиот англиски стрип-теоретичар, Пол Гравет, го вброил ова дело во неговата антологија „1001 стрип кои треба да ги прочитате пред да умрете“. Изданието на „Бункер“ е прва објава на ова дело во регионот.

Во „Уметноста на летањето“, Алтариба преку бруталниот опис на страдањата на татко му (малиот човек), со хируршка прецизност ги сецира настаните во Шпанија и Европа во бурниот 20 век. Делото допира повеќе теми, како сиромаштија и беда, револуција, пораз, егзил, Втората светска војна, логори, поствоено време, повторно беда, корупција и резигнираност. Од сите страдања произлегува пораката на хуманост до денешните генерации, бидејќи во секојдневното жестоко наметнато темпо често забораваме на основните мали гестови на човечност.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 60, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 12-13 декември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот