Графички предизвик: „Уметност и уметник“ со делата на Соња Димовска

Предизвиците што уметници од различни области си ги задаваат преку социјалните медиуми се убава можност да се спознае нивното творештво. Покрај музичките, фотографските, книжевните, има и графички предизвици. Таков е „Уметност и уметник“, на кој графичарката Соња Димовска одговори со десет свои дела предизвикана од својата колешка Ивана Видиќ од Србија.

– Во овој период на социјална хибернација еден од начините за одржување на контакт со реалноста ми се и контактите преку социјалните мрежи со колегите буквално од цел свет. Овој предизвик го прифатив откако ме номинираше графичарка од Србија и го доживувам како еден вид солидарност да се поддржиме едни со други и да ја промовираме својата уметност во време кога галериите се затворени.

Воедно, да споделуваме активности, позитивност, страст и внимание на уметноста и уметниците, но и да го свртиме вниманието кон убавите нешта за полесно да го поднесеме овој тежок период на изолација – објасни Соња Димовска, која е автор, но и професор по графика и графички техники.

(Текстот и фотографиите се објавени во „Културен печат“ број 34, во печатеното и електронското издание на „Слободен печат“ на 5-7 јуни 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот