Графичка новела: „Плати, па клати“ од Честер Браун во издание на „Темплум“

Книгоиздателството „Темплум“ го објави графичкиот роман „Плати, па клати: мемоари на еден уживател на проституција во слики и зборови“ од канадскиот автор Честер Браун. Преводот од англиски јазик го направи Ивана Галапчева. Книгата има 292 страници во тврд повез и е единаесетто издание во стрип-едицијата „Лифт“.

Романот „Плати, па клати“ е автобиографски стрип, во кој Браун мошне емпатично и внимателно ги пренесува своите искуства од светот на проституцијата. Почнува од своите плашливи и несигурни почетоци, кога влегува без речиси никакви сознанија и постепено ги учи правилата на однесување и логистиката, до фазите кога некои од неговите средби со сексуалните работнички му стануваат многу важни долгорочни емотивни релации.

Едицијата на графички новели „Лифт“ на книгоиздателството „Темплум“ беше почната во 2017 година. Едицијата ја продолжува и осовременува традицијата на стрип-списанието „Лифт“, кое излегуваше од 1995 до 2001 година. Денес едицијата брои единаесет наслови од најреномираните стрип-автори од светот.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 37, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 27-28 јуни 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот