Градско: Од општина со долгови и пред банкрот до општина со позитивно салдо

Фото: gradsko.gov.mk

Градоначалникот на Општина Градско, Роберт Бешовски од поранешната локална власт пред три години наследи финансиски долг од 850.000 евра, во најголем дел по основ за тужени обврски. Освен што успеа да го врати долгот, Општината Градско моментно е со позитивно салдо на својата сметка од 30.000 евра.

Бешовски воедно информира дека на сметка на општината во изминатиот месец „легнале“ околу 4,2 милиони денари од продажба на мотелот, кој се наоѓа на старата клучка за Градско, што пред неколку месеци беше продаден на локално лице. Инаку мотелот беше во сопственост на Владата која со одлука го отстапи на Општина Градско која, пак, таа го продаде.

Инаку за враќање на долгот, Општина Градско доби и финансиска помош од Владата од 237.000 евра преку Законот за финансиска поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот