Градскиот совет во Вашингтон едногласно ги одобри полициските реформи

полиција САД/ Фото: МИА

Градскиот совет во Вашингтон едногласно ги одобри полициските реформи што ги бараа демонстрантите по убиството на Џорџ Флојд и усвоените измени ќе важат 90 дена. Ќе се бара второ гласање за натамошно продолжување.

Според „Вашингтон пост”, новите измени вклучуваат, меѓу другото, забрана за полицијата за употреба на задушувачки зафати за време на приведување како и употреба на гумени куршуми и хемикалии при растерување демонстранти.

Според весникот, измените ги обврзуваат, меѓу другото, градските власти во рок од 72 часа да ги објават имињата на полицајците кои извршиле дисциплински прекршувања, како и на видео-снимките од камерите поставени на нивните униформи.

Нацрт-законот предлага да се исклучи мешањето на полицискиот синдикат при разгледувањето на дисциплински случаи и да се направат измени во работата на групите кои ги следат незаконските постапки на службениците за спроведување на законот. Покрај тоа, новите регулативи предвидуваат враќање на правото на глас за некои затвореници во затвор во Вашингтон.

Според весникот и покрај усвојувањето на тие измени, законодавците признаваат дека реформата не зела предвид некои од барањата на демонстрантите. Во исто време, општинскиот совет дозволува можност за пренасочување на дел од средствата од буџетот на главниот град за финансирање на потребите на полицијата кон јавни програми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот