„Градски паркинг” со раст на приходите од јавни паркиралишта и од „пајакот”

Фото: МИА

Јавното претпријатие „Градски паркинг” – Скопје од јавни паркиралишта во 2018 година заработило 147.115.268 денари, што е за 11.686.703 денари повеќе во однос на 2017 година. Омилен начин за плаќање паркинг на граѓаните на Скопје и натаму е плаќањето преку смс порака што се должи на едноставноста и брзината со која се реализира плаќањето.

– Билансот на успех во годишниот извештај на ова претпријатие покажува дека приходите од јавните паркиралишта во 2018 година пораснале за 8,63 отсто во однос на претходната година. Најголем пораст на приходите претпријатието имало во делот на зонското паркирање, додека приходите од затворени паркиралишта и катни гаражи останале речиси непроменети во споредба со претходната година, соопшти Град Скопје.

„Градски паркинг” имал пораст на приходите и во секторот „пајак”. Во 2018 година овој сектор остварил приходи од 25.213.459 денари, што е за 11,61 отсто повеќе во однос на претходната година.
Во заклучокот од годишниот извештај на претпријатието се наведува дека добивката која ова претпријатие ја остварило на крајот на 2018 година изнесува 13.984.799 денари. Согласно со овој извештај, добивката на претпријатието остварена во 2018 година е резултат на зголемувањето на приходите во секторите јавни паркиралишта и „пајак”, како и на следењето и контролата на висината на трошоците.

– Позитивните показатели од извештајот упатуваат на тоа дека јавното претпријатие активно работи на воспоставување ред во паркирањето во градот што е неопходен за постигнувањето на крајната цел, а тоа е одржлива урбана мобилност и безбеден сообраќај во Скопје, се вели во соопштението од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот