„Градски паркинг“ ги поевтинува услугите, еве ги новите цени

Градски паркинг/ Фото: МИА

Управниот одбор на скопското јавно претпријатие „Градски Паркинг“ денес донесе одлука за намалување на цената на паркирањето во градот од 1 март. Со ова се исполнува едно од главните ветувања на новото раководство за граѓаните на Скопје, соопшти Град Скопје.

„Со оваа одлука се предвидува намалување на цените на услугите на ЈП „Градски паркинг“, со што цената за паркирање се намалува во зонското паркирање, во зона А0 од 100 се намалува на 75 денари, во зона А од 50 се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д паркирањето ќе се намали од 30 на 25 денари за 1 час“, велат од „Градски паркинг“

Видео на денот