Градската плажа Горица 3 се препороди како Лазар (Мојсов)

На градската плажа Горица 3, гордо, здраво извишено и секогаш растреперено од развигор или лут езерски ветер, се воздигнува двостеблено дрво, кое денес и во иднина е врзано во едно. Тоа е дрвото посадено во 1952 година од Јосип Броз Тито и од Лазар Мојсов.

Има едно двостеблесто дрво на градската плажа Горица 3 во Охрид. Дрвото е заштитено со Законот за заштита на ретките културни споменици, слично на петте градски чинари. Прв е најстариот чинар, Големиот чинар, вториот чинар е на пресекот на улица „Абас Емин“ и „Гоце Делчев“. Третиот чинар е тој во Воска (на пресекот на улиците „Бистрица“ и „Гоце Делчев“), четвртиот е кај Бурхановата чешма кон Даљан, а петтиот чинар е на пресекот Карабегомаала и Влашкамаала, кој е на источната страна од градот, гледајќи од стариот голем чинар. Ќе го споменам и коџаџикот до Светиклиментовата црква, посаден во чест на 1001-годишнината од смртта на Методија, еден од браќата просветители, но да не го заборавиме и коџаџикот кај месноста Горица 1, или како што сега го знаеме, К`ј Дивоно.

Значи, за информација на цела Македонија, пред неколку недели, веднаш до „Сахара глобал“ или „Славија“ на Субрата Рој, во плажата „Немо“… се судрија како Крале Марко со топузот и Црна Арапина со исуканиот мафијашки меч, во беспоштеден бој, Владимир Назор со „Титовото напред“ и Жил Верн со неговиот „Наутилус“ и капетан Немо. Бетонот на општата урбано-мафијашка лопужана на капетан Немо се бореше до последна капка и трошка бетон со булдожерите испратени од градскиот совет на Охрид и министерството на владата на Македонија. И по многу рикање, врева, прашина и извиткани железа и скршен бетон, со огромни породилни болки и маки… повторно се врати од мртвите, и како Лазар се препороди градската плажа Горица 3.

Прочитајте и...  Гордана и Миле – жртви на семејно насилство?!

Препородениот Лазар е причината што ги спомнувам Тито и Владимир Назор, затоа што дрвото заштитено со закон и кое ја краси новопрепородената градска плажа Горица 3 е посадено од Лазар Мојсов и од Јосип Броз Тито.

Имено, во градската плажа Горица 3, гордо, здраво извишено и секогаш растреперено од развигор или лут езерски ветер, се воздигнува двостеблено дрво, кое денес и во иднина е врзано во едно. Тоа е дрвото што  го посадија во 1952 година Јосип Броз Тито и Лазар Мојсов. Заштитено е со закон, но таблата за тоа која некогаш ја имаше, денес ја нема. Но, за среќа, ја нема повеќе и дивата пиратска плажа на капетан Немо, која потона заедно со демократски торпедираниот „Наутилус“.

Долго до бесконечност да живее градската плажа Горица 3, и никогаш повеќе да не се дозволи нејзина приватизација и присвојување и демократскиот булдожер на Крале Марко да продолжи да удира по бетоните на црните мафијашки зделки врз заедничкиот сенароден имот. Сега, повторно, и богатиот и сиромашниот охриѓанец како и туристите како привремени охриѓани ќе можат како некогаш, само со крпа околу вратот, да си пеат весело „вамос ала плаја“…

Прочитајте и...  Здравствените установи во Охрид и оддадоа последна почит на почината медицинска сестра (ВИДЕО)

Дозволете ми да им се обратам на сите, НА СИТЕ туристи што се осмелија и дојдоа да нѐ посетат во Охрид во ова 2020-то коронавирусно лето. Почитувани туристи, домашни и странски, ви благодарам од длабочината на моето охридско срце за тоа што покрај целиот ризик од глобалната пандемија на ковид-19, сепак се одлучивте да дојдете во Охрид, каде што ќе ги потрошите вашите со мака стекнати заштеди.

Вие докажавте дека сте спремни да умрете или да убиете за убавиот Охрид. Ова не смее никогаш да се заборави и секој од вас заслужува диплома за храброст и диплома за докажана љубов кон градот Охрид. Вашето присуство и вашиот материјален придонес за економијата на Охрид и на безброј охриѓани значи спас и преживување до идните поубави и порелаксирани лета кога веќе коронавирусот ќе биде заборавен. „На муци се познају јунаци“, и јас, ете, ве препознавам вас како јунаци и искрено од сѐ срце ви благодарам за вашата жртва и придонес. Додека сте во Охрид, на неколку часови, еден ден или стотина, Охрид е прво од Бога, потоа е ваш како на почесни гости, а потоа е и наш како негови домаќини. Добре дојдовте во вашиот Охрид и имајте пријатен престој. Почна и реномираниот фестивал Охридско лето. Повелете и уживајте во тоа што Охрид ви нуди. На заборавете да ја посетите и градската плажа Горица 3. Ќе немате потреба да платете за лежалки и чадори, понесете и донесете свои лежалки или чадори, или едноставно како што правеа некогаш нашите баби и дедовци, легнете со гол стомак на жешкиот песок, велат дека така е најздраво.

Прочитајте и...  Национализам: Прпелкање во калта и јадење политички помии

И, не заборавете да сликате едно селфи под натписот – Градска плажа Горица 3. Со тој натпис Охрид докажува дека е цивилизиран град полн со интелектуалци, а не едно сицилијанско мафијашко село, преполно со селски фраери.

Прочитај повеќе

Национализам: Прпелкање во калта и јадење политички помии

Џабир Дерала

Гордана и Миле – жртви на семејно насилство?!

Сашо Орданоски

Отворено писмо до Бојко Борисов

Атанас Костовски

Не му судете на Гоце со модерни закони

Срѓан Ивановиќ

Изгубени во македонската прашума

Сашо Орданоски

Владина помош и за протестите на ВМРО ДПМНЕ

Љубиша Николовски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Може ли Зоран да биде Вили во балканското гето?

Ненад Јовановиќ

Нови мерки, нови бројки, нова граница?

Жанета Скерлев

На плимата на новофашистичките климатски промени

Мирослав Грчев

Новинарската почит кон него ќе биде вечна

Иван Андреевски - Маче

Градимир се одјави, замина голем човек

Џабир Дерала

Новинар и човек каков што ова време не може да роди

Бранко Тричковски