Градската и општинската власт заедно ќе ги решаваат проблемите на бутелчани

Фото: Град Скопје

Координативен состанок во Општина Бутел

Подобрување на водоводната мрежа, подобрување на сообраќајната инфраструктура, обезбедување на соодветна атмосферска канализација, повеќе зелени површини, уредување на кејот на Серава.

Ова се само дел од барањата за решавање на проблемите со кои секојдневно се соочуваат жителите на Општина Бутел и за кои побараа да се изнајде решение од страна на Град Скопје но и од страна на Општината на координативен состанок кој беше одржан како дел од активностите за проценка на состојбата со заборавените населби во градот.

Имено, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, заедно со претставници на јавните претпријатија и секторите при Градот како дел од теренскиот тим, одржаа координативен состанок со претставници на урбани и рурални заедници од вкупно 13 населени места кои се наоѓаат во општина Бутел, како дел од активностите за проценка на состојбата со заборавените населби во градот.

Град Скопје заедно со тимови составени од секторски претставници, преку постојана комуникација на терен со граѓаните од месните и урбани заедници во оваа општина и анализи на состојбите, ефикасно пристапува кон решенија за надминување на предизвиците и подобрување на условите во секојдневното функционирање на граѓаните. Жителите од Општина Бутел, како приоритетни ги истакнаа предизвиците со водоводната мрежа, подобрување на сообраќајната инфраструктурата, обезбедување соодветна атмосферска канализација, потребата од соодветна светлосна сигнализација, повеќе зелени површини, уредување на кејот на Серава – информираат од Град Скопје.

Од Градот меѓу другото најавуваат и дека, по завршување на теренската работа, градската власт во соработка со општината ќе започнат со изготвување и реализација на проекти кои се неопходни за надминување на предизвиците со кои се соочени граѓаните, а како што велат, со единствена цел, подобрување на условите и обезбедување на квалитетен живот за граѓаните во секое населено место во општините во градот Скопје подеднакво.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот