Градската администрација ќе вози нови хибридни Тојота јарис автомобили

Град Скопје набави шест нови хибридни возила од марката Тојота Јарис, за потребите на администрацијата. Инвестицијата на нови, незагадувачки автомобили изнесува 6.3 милиони денари со вклучен ДДВ.

На денешната промоција на автомобилите, на паркингот пред Град Скопје, градоначалникот Петре Шилегов нагласи дека последната набавка на автомобили била во 2012 година, кога биле набавени автомобили форд фиеста, кои користат дизел гориво.

Придобивките од новите хибридни автомобили според Шилегов, најмногу ќе се почувствува во однос на потрошувачката, но и ќе придонесат за намалување на загадувањето.

„Додека ја предводам градската администрација сите возила што ќе ги набавуваме за нејзините потреби ќе бидат на електричен или на хибриден погон. Градот Скопје упатува порака кон граѓаните дека сите мораме да ја штитиме животната средина и преку вакви примери да придонесеме да се намали аерозагадувањето од сообраќајот“– рече Шилегов.

Тој објасни дека емисиите на CO2 кај новите хибридни возила изнесуваат околу 4,8 g/km, а потрошувачката на гориво (бензин) изнесува 3,7 литри за 100 километри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот