Градот Тетово има најмногу случаи на новозаболени од регионот

Фото: архива на СП

Од 16 нови заболени во тетовско, 14 се жители на општина Тетово, информираат од тетовскиот Центар за јавно здравје. Тие 14 се претежно луѓе од градот, а има неколку случаи регистрирани во селото Селце.

– По еден случај има во општина Теарце и општина Јегуновце, потенцираат од Центарот за јавно здравје Тетово.

Тетовскиот регион денеска има и едно лице кое се излечило, а според бројките на Институтот за јавно здравје вкупно оздравени во тетовски регион се 133 лица. Починати се вкупно 25 лица.

Сега има 115 активни случаи, односно заболени, а вкупно дијагностицирани се 273 луѓе во тетовскиот регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот