Градот со 20 милиони денари ќе ја субвенционира Дрисла

И покрај жестока дебата која се разви на денешната седница на Град Скопје околу предлог одлуката за субвенционирање на депонијата Дрисла, мнозинството во Советот со 23 гласа за, одлучи со 20 милиони денари да го субврнационира работењето на Дрисла.

Советникот од опозицијата, Михајло Маневски, рече дека е несоодветно со пари на граѓаните да се субвенционира Дрисла.

– Градот само што ја презеде Дрисла и веднаш се бараат субвенции. Зошто со парите на граѓаните да се решаваат проблемите што ги создале ЈКП Тетово, кое должи 900.000 евра на Дрисла и Клинички центар кои должат 9 милиони денари, праша Маневски.

На одлуката за субвенционирање реагираше и Светлана Колариќ, која рече дека за да се платат ручеците и адвокатските услуги, сега Градот треба од парите планирани за Лајка, да и даде на Дрисла.

– Кучињата не изедоа, а ние наместо да ја отвориме Лајка, и даваме пари на Дрисла, бидејќи се од иста ставка, рече Колариќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот