Градот повторно распиша тендер за зиплајнот – Слободен печат
ВестиСкопје

Градот повторно распиша тендер за зиплајнот

Зиплајнот кој беше најавен мината пролет, треба да започне од под Музејот на современа уметност на Кале и преку реката Вардар да заврши на кејот, кај Градскиот стадион.

Втор пат е распишан тендер за реализација на зиплајн жичницата, бидејќи на првиот тендер немало прифатлива понуда.

Зиплајнот кој беше најавен мината пролет, треба да започне од под Музејот на современа уметност на Кале и преку реката Вардар да заврши на кејот, кај Градскиот стадион.

Предвидена е изградба на две челични конструкции со влезни и излезни станици, зиплајн конструкција со сајла во должина од 400 метри, сета потребна опрема (појас-прицврстувач, шлем, карабинери, кочници, ленти, ракавици, метална рамка… ), како и дополнителна опрема за спуштање.

Кандидатите кои се заинтересирани за јавниот повик, понудите треба да ги достават најдоцна до 8 јули 2019 година, во 13 часот. Јавната набавка е со проценета вредност од 5.6 милиони денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close