Градот ќе го помага „Градски паркинг“ со 5 милиони денари, но ќе ги намалува цените за паркирање

Градски паркинг/ Фото: МИА

Субвенции во износ од 5 милиони денари ќе добие ЈП „Градски паркинг“ за оваа година од Град Скопје. Помошта се доделува заради, како што се вели во доставениот предлог до градскиот Совет, потешкотии во работењето.

Средствата за оваа намена веќе се обезбедени во Буџетот на Град Скопје, останува само уште формалната согласност од Советот.

 „Субвенционирањето е со цел претпријатието финансиски да се консолидира а со цел да ја подобри ликвидноста. Субвенционирањето на јавните претпријатија кои ги опслужуваат урбаните средини, е пракса која постои во речиси сите градови во Европа, а ваквата пракса овозможува јавните претпријатија да го задржат нивото и квалитетот на услуги – се вели во Предлог – одлуката која советниците треба да ја усвојат на седницата во четврток.

Како што е познато, ЈП „Градски паркинг“ се финансира од парите што ги плаќаат граѓаните за паркирање на отворените и затворени паркиралишта во Скопје, кои се во надлежност на ова претпријатие, но и од работата на осумте „пајаци“ кои креваат непрописно паркирани возила.

Сепак, во декември градоначалничката Данела Арсовска соопшти дека ќе има намалување на цената за паркирање и тоа за 25 отсто и посочи дека за тоа веќе е отпочната процедурата и  се чека одлуката  од Управниот одбор на “Градски паркинг“ со која што ќе прифати да се намалат цените.

Намалувањето на цените за паркирање ќе значи и помал профит за претпријатието и поголеми „потешкотии“ за претпријатието, кои како што стојат работите, Градот ќе ги покрива со субвенции од градскиот буџет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот