Градот ќе се задолжи 12 милиони евра за изградба на нов Забавен парк

Седницата на Совет на Град Скопје денеска заглави на предлог одлуката за задолжување на Градот за набавка на опрема за Луна паркот.

Станува збор за 12 милиони евра, пари кои доколку се потрошат за забава, според опозицијата ќе значат недомаќинско работење на градската власт. Советничката Јелена Жугиќ го обвини Градот дека малку прави за подобрување на состојбата со загадениот воздух.

– Ние немаме леб, а вие ни давате да јадеме колачи. Не може за Луна парк да се потрошат 12 милиони евра. Децата ќе бидат среќни и со поскромни реквизити, не се согласувам Градот да се задолжува за „fun and pleasure“( забава и уживање), а во исто време жителите на овој град се соочуваат со проблеми, како што е загадувањето, рече таа.

На ова реагираше градоначалникот Петре Шилегов:

– Небулозни сте. Вие ќе ми зборувате за домаќинско работење. Па поради вас јас морам да потрошам 8 милиони евра за експропријација на куќите во Гази Баба за изградба на мостот. И се тоа зашто во советот на Гази Баба мнозинството е ваше. Забавен парк ќе има, и тоа со 400 метри долг ролеркостер. Вашите луѓе не знаат ни што значи тоа, не знаат ни да го изговорат, рече Шилегов.

Инаку, по жестоката дебата, мнозинството во Советот со 23 гласа „за“ одлучи да се задолжи за изградба на Луна паркот. До сега Градот има потрошено 80 милиони денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот