Градот ја презеде Дрисла, тужба од концесионерот не се очекува

Фото: Слободен печат

Шилегов нагласи дека две години се водела прецизна правна постапка за Градот да избегне тужба од италијанската фирма „ФЦЛ Амбиенте“ која беше избрана за концесионер на Дрисла во наредните 35 години.

Град Скопје ја презеде депонијата „Дрисла“ од италијанскиот оператор ФЦЛ Амбиенте. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска соопшти дека депонијата од приватна сопственост преминува во сопственост на Градот и станува јавно претпријатие. За оваа одлука, како што објасни Шилегов, има решение и од Централен регистар.

– На седница на Градот закажана на 29 јануари ќе бидат избрани нов управен и надзорен одбор на сега веќе новото јавно градско претпријатие за управување со комунален отпад, а избран ќе биде и нов в.д. директор, кој наскоро ќе и биде познат на јавноста, рече Шилегов.

Тој ги повика сите надлежни институции и останати заинтересирани граѓани да помогнат да се направи анализа врз досегашното работење на депонијата и да се утврди фактичката состојба на овој капацитет.

– Градот Скопје и јас лично како ваш градоначалник сме гарант за исправноста на целокупното идно работење на Дрисла. Жал ми е што поради некомпетентност и базично незнаење демонстрирано од претходното владеење, неповратно загубивме девет години. Во периодот што следи прва грижа на Градот ќе биде Дрисла да стане вистинска санитарна депонија која што ќе применува најсовремени технологии за управување со отпад и целокупниот нејзин економски потенцијал да биде ставен во корист на граѓаните на Скопје, додаде Шилегов.

Тој нагласи дека две години се водела прецизна правна постапка за Градот да избегне тужба од италијанската фирма „ФЦЛ Амбиенте“ која беше избрана за концесионер на Дрисла во наредните 35 години.

Град Скопје две години имаше административни проблеми во превземањето на депонијата „Дрисла“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот