Градската каса во 2020 ќе биде побогата за 12%

Изградба на Луна парк („Забавен парк Скопје”), изградба на нова Универзална сала, изградба и одржување на кејот на реката Вардар, изградба на велосипедски патеки, уредување и поставување на урбана опрема на тврдината Кале, изведба на систем на паметно осветлување и платформа за дигитален град (smart city), реконструкција на повеќе магистрални улици и булевари меѓу кои, булевар „Никола Карев”, „АСНОМ”, „Босна и Херцеговина”, „Македонско косовска бригада”, дел од улицата „Теодосиј Гологанов”, улица „Боца Иванова”, улица „Лазо Трповски”, „Љубљанска”, булевар „Хрватска”, улица „Индира Ганди”, „Благоја Стефковски” втора фаза, дел од булевар „Даме Груев”, „Кузман Јосифовски Питу” се меѓу поголемите проекти кои ќе бидат опфатени од Буџетот за 2020 година.

Предлог – буџетот на Град Скопје за 2020 година, како што рече градоначалникот Петре Шилегов, е со развојна компонента и изготвен е врз основа на начелата на економично и рационално трошење на буџетските средства, зголемување на фискалната одговорност, отчетност и транспарентност.

Во споредба со минатата, 2019 година, Буџетот за 2020 година ќе биде зголемен за 12 проценти, со што ќе изнесува7.3 милијарди денари по сите основи, вклучувајќи даночни приходи кои се проектирани на 36% и дотации во износ од 24 % од Буџетот на Градот.

– Планот за програми на развој е среднорочен приказ на програмите наменети за развојни инвестиции. Во овие програми се планираат капитални проекти чија реализација ќе се одвива во наредните три години, истакна градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на седница на Град Скопје на која се гласаше Буџетот за 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот