Градот Барселона ќе ги казнува собирите со алкохол на отворено со казни до 600 евра

Барселона забава/ Фото Lorena Sopêna / ContactoPhoto / Profimedia

Градот Барселона ги зголеми казните за забавите на отворено на кои се пие алкохол, познати како „ботелонес“ на 600 евра од човек, пишува „Гардијан“.

Досега, казните за ваквите собири изнесуваше од 60 до 100 евра, кои во претходниве 30 дена се намалија за 75 отсто.

Според Педро Веласкез, шефот на полицијата Гуардија Урбана, од 2-ри до 8-ми август 747 луѓе биле казнети по 100 евра поради пиење алкохол на улица.

Повисоките казни ќе бидат воведени поради „нарушувањето на јавниот ред и мир“, а за степенот на казната ќе одлучи полицаецот на самиот настан.

Ваквите казни се дел од строгите закони на претходната десничарска влада, за кои критичарите велат дека ја уништува слободата на говор и слободата на младите да уживаат во летните денови.

„Казните од 600 евра се за предизвикување сериозно нарушување на секојдневниот живот на граѓаните“, рече на прес-конференција Алберт Батле, градскиот советник одговорен за ред и мир.

Забавите „ботелон“, каде десетици, стотици, а повремено и илјадници млади луѓе навечер се собираат на плоштадите, парковите или на плажите да пијат алкохол не е нов феномен за градот.

Сепак, тие станаа значителна непријатност во Барселона минатото лето кога полициските часови и строгите ограничувања поради пандемијата, значеа дека баровите можеа да се отворат само во ограничени часови.

Сопствениците на баровите и рестораните се жалат дека новата одлука со која се принудуваат терасите на отворено во најтуристичките делови на градот да се затворат во 23 часот, само ќе поттикне повеќе собири низ градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот