ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ВЕНЕЦИЈА ПРЕДУПРЕДУВА: Вакви поплави ќе му се случат на целиот свет

Фото: EPA-EFE/ANDREA MEROLA

Во Венеција последните неколку дена е под вода, како резултат на силно невреме проследено со дождови и силен ветар, поради што нивото на водата моментално е на 160 сантиметри.

Поради целото ова сообраќајот во градот е во прекин, училиштата, продавниците и канцелариите се затворени, а досега загинале и четири лица.

Како што јави денес ТГ24, градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, изјавил дека штетата предизвикана од високиот водостој во последните неколку дена е поголема од милијарда евра.

Бруњаро денеска повика да се размисли за формирање на меѓународна агенција за води во Венеција.

– Така, научниците од целиот свет кои сакаат да дадат придонес ќе можат да го сторат тоа. Венеција е прв показател на она што ќе се случи во целиот свет поради климатските промени. Затоа, ако Венеција победи, сите ние ќе победиме – вели Бруњаро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот