Градоначалникот на Велес: Лошо е што овој град стана лидер по фејкњуз во светски рамки

Не е добро што Велес го означуваат како неформална светска престолнина на лажните вести, но тоа е вистината, вели градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Понекогаш и лошата реклама е добра реклама. Не ми е мило што како градоначалник на Велес дадов интервјуа за сите врвни светски медиуми, од BBC, CNN, па Јапонската национална телевизија, последно беше за Кинеската национална телевизија, вели градоначалникот на Велес, Аце Коцевски во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.

Не е добро што Велес го означуваат како неформална светска престолнина на лажните вести, но тоа е вистината, вели градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

-Од некои извори дознавам дека некои од тие поединци се трансформираат и лесно спечалените пари ги насочуваат во други бизниси. Некои од нив сметките морале да ги префрлат во странство заради контрола на надлежните државни органи, но сигурен сум дека тоа што го почнаа ќе го прават и за кампањата за следните претседателски избори во Америка. Добив информации дека УЈП и други државни органи правеле контроли и дека од страв нечии сметки се преселени во други држави. Она што тие го прават не се коси со законите во Македонија и тоа е проблемот на интернетот. Исто беше и со франкфурт мафијата. Тие момци во Македонија не прават кривични дела, тука се лојални, а тоа што го прават е незаконито во друга држава, вели  во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, одоговорајќи на прашањето за етикетирињато на овој град како центар на фејкњуз во светски рамки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот