Градоначалникот на Охрид: Со поддршката од Владата ќе го зачуваме уникатното богатство за идните генерации

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Благодарност за поддршката која ја добиваме од Влада на Република Северна Македонија во процесот на отстранување на бесправно изградените објекти на Охридското крајбрежје, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески.

Тој посочува дека преку заедничка координација и соработка, како локална и централна власт остануваат посветени на исполнување на препораките на УНЕСКО и имплементација на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.

„Само заедно може да оствариме долгорочни цели во насока на заштита и зачувување на уникатното богатство за идните генерации“, стои во објавата на Георгиески.

Општина Охрид денеска продолжи со активностите за отстранување на бесправните објекти на плажите на потегот од хотелот „Метропол“ до селото Пештани

 

Владата соопшти дека ги поддржува активностите за отстранување на бесправните градби на охридското крајбрежје кои ги изведува Општина Охрид, со што, велат од Илинденска, ги потврдува своите заложби за посветено исполнување на препораките на УНЕСКО и за имплементацијата на „Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот