Градоначалникот на Охрид го осуди оштетувањето на споменикот на загинатите бугарски туристи

epa01867322 A Macedonian police boat officer catch a line to tow the recovered sunken boat 'Ilinden,' in front of the southern Macedonian sity Ohrid on 19 September 2009, two weeks after the tragic boath accident in Ohrid Lake when 15 Bulgarian tourists lost their lives. EPA/GEORGI LICOVSKI

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески јавно го осуди оштетувањето на споменикот на бугарските туристи кои  загинаа во потонувањето на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро. Бродот „Илинден“ потона на 200 метри од брегот, на 5 септември во 2009 година, а на него имаше над 50 патници од Бугарија, кои патувале кон манастирот „Свети Наум“.

Вандализам во Охрид: Оштетен споменикот на жртвите од несреќата на бродот „Илинден”, МНР со осуда на инцидентот

„Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам јавна осуда до несовесните граѓани кои во текот на претходните денови извршиле оштетување на споменикот ‘Солза на Роза’, кој беше поставен годинава по повод одбележувањето на единаесет годишнината од несреќата на бродот ‘Илинден’ во која загинаа 15 бугарски туристи“, се наведува во објавата на градоначалникот на социјалните мрежи.

Тој воедно апелира до граѓаните да се воздржат од вандалско однесување и да покажат повисока свест за чување на јавните површини, споменици и објекти.

Бродот Илинед со кој загинаа туристите / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот