-8 C
Скопје

Градоначалникот на Њујорк со предлог во борбата против ковид-19: Да се затворат училишта и продавници во девет квартови

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио најави можност за враќање на построги епидемиолошки мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, како на пример затворање на училишта, ресторани и продавници кои не се најнеопходни во девет квартови на Бруклин и на Квинс во кои бројот на новозаразени е во голем пораст.

– Предлагам од 7 октомври да ги затвориме сите училишта и продавници кои не се најнеопходни во девет квартови, истакна Де Бласио на прес-конференција.

Тој нагласи дека од гувернерот на сојузната држава Њујорк, Ендру Куомо очекува да ја потврди оваа одлука.

– Жителите на Њујорк напорно работеа за да го спречат ширењето на заразата, па оваа одлука не ја носиме лесно. Во нашиот град науката и струката имаат главен збор, а ние носиме одлуки врз основа на она што ни е препорачано, додаде градоначалникот, упатувајќи критика до администрацијата на Трамп и републиканците, кои според него, имаат несериозен пристап кон вирусот.

Прочитајте и...  Најмалку 83 мртви во племенските судири во Судан: Ранети 97 лица во тензиите меѓу Арапи и неарапско население

Поврзани вести

Србија ја започнува имунизацијата со вакцини од четири производители

Слободен печат

Поради полициска вежба патот кон Пониква во прекин

Слободен печат

ВИДЕО: По трауматичните сведоштва за сексуалните злодела на Мика Алексиќ, Балканот масовно го споделува ова видео од новинарката Јелена Обучина

В.Т.

Царовска: За реформите имаме силна поддршка од меѓународната заедница

Слободен печат

„Ековита” против изградба на гасна централа од комунален отпад во Неготино

Слободен печат

Последните денови на Трамп во Белата куќа

Слободен печат

Остави Коментар