Градоначалникот на Москва со порака: За два месеца ќе почнеме со масовна вакцинација против ковид-19

Фото: EPA/MAXIM SHIPENKOV

Во главниот град на Русија, во кој е регистрирана најголема стапка на ширење на ковид-19 во земјата, за два месеца ќе започне масовна вакцинација, најави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

– Ќе почнеме со масовна вакцинација на населението во декември-јануари, истакна московскиот градоначалник.

Тој нагласи дека, речиси, 10.000 луѓе се хоспитализирани во Москва со ковид-19 од кои 1.000 се приклучени на респиратори.

– Тоа е многу голем број, рече Собјанин.

Сепак, градоначалникот истакна дека ќе биде „неприфатливо и невозможно” градот да се врати на пролетните карантински мерки што ја уништија неговата економија.

– Оптимална стратегија е да се најде средно решение меѓу „затворањето и целосното напуштање на рестриктивните мерки”, додаде Собјанин.

Тој потврди дека во текот на последната недела имало знаци дека ширење на инфекцијата е ставено под контрола, додавајќи дека 40 отсто помалку луѓе користат јавен превоз.

Русија е на четвртото место во светот според бројот на заразени со коронавирус со вкупно 1,4 милиони инфицирани. Таа е прва земја која разви и одобри вакцина против ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот