Градоначалникот на Москва најави бесплатни вакцини за ковид-19

Вакцинирање / Фото: Министерство за одбрана на Русија

Вакцинацијата против коронавирусот ќе биде бесплатна, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

– Штом се појави, ќе започнеме со кампања за вакцинирање. Вакцинацијата ќе биде бесплатна. Сите амбуланти и поликлинички мрежи ќе работат на тоа. Секако, оваа година треба да ја зајакнеме вакцинацијата против грип за да немаме две есенски епидемии, изјави Собијанин за телевизија „Русија 1″.

Градоначалникот на Москва рече дека поради зголемувањето на бројот на тестови расте бројот на откриени случаи на коронавирус, но и дека, сè на сè, состојбата се подобрува.

Собјанин претходно изрази надеж дека вакцината ќе биде регистрирана во наредните недели. После тоа, градските власти планираат да воспостават соработка со производителите за да ги испорачаат препаратите во потребните количини.

Во Русија најмалку 17 научни центри работат на вакцина против ковид 19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот