Градоначалникот на Мадрид бара Винисиус веднаш да се извини

Фото: EPA-EFE/ZIPI

Во шпанската јавност денеска внимание привлече изјавата на фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор кој изјави дека на Шпанија треба да и биде одземена организацијата на Светското првенство поради расизам.

Често пати Винисиус се соочува со разни расистички навреди од трибините и на тоа не останува должен и бурно реагира. Сега градоначалникот Хозе Луис Алмеида смета дека претерал со својата изјава.

„Во борбата против расизмот Винисиус доби поддршка од голем број Шпанци и ние сме на негова страна кога не нарекува расисти. Барам веднаш да се извини за својата изјава. Ако е добар фудбалер, не значи дека смее да прави вакви грешки. Треба да е благодарен и воодушевен што живее во еден од најубавите градови во светот. Во Мадрид никој не го прашал од каде е, ниту пак го навредил“, изјави Алмеида.

Винисиус за проблемот со расизмот: Ако продолжи на Шпанија треба да ѝ се одземе Мундијалот во 2030

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот