Градоначалникот на Љубљана под истрага за затајување данок

Постапката, со која практично се блокира нечиј имот за лицето да не може да го продаде, е вообичаена за даночниците да можат да ја утврдат обврската од дополнителни даночни обврски и за да се обезбеди наплатата пред завршувањето на целата постапка, јави Хина, повикувајќи се на словенечкиот портал Сиол.нет.

Јанковиќ, некогашен директор на „Меркатор” и бизнисмен, веќе четврти мандат е градоначалник на Љубљана.

Официјално не се кажува на што и на кои бизниси се однесува потенцијалниот даночен долг, но порталот наведува дека постапката е отворена веќе трета година, а се однесува на парични трансакции меѓу Јанковиќ и неговите два сина, на кои официјално им ја продал својата компанија „Електра”, а потоа од нив, односно од „Електра”, назад примил огромни износи како рати за уплата на долг од осум милиони евра.

Синовите, парите на компанијата, му ги префрлале на таткото и тогаш кога „Електра” влегла во неликвидност, заради што остантите нејзини доверители безуспешно ги очекувале своите пари.

Со примените пари Јанковиќ намирувал и некои долгови на другите свои фирми, наведува порталот.

Даночниците оцениле дека средствата што на својата сметка ги добивал Зоран Јанковиќ не се поврат на кредитот што им го дал на синовите, туку негов личен приход, што подлежи на оданочување, наведува порталот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот