Градоначалникот на Лондон под притисок: Граѓаните сакаат огномет и оваа година

Лондон, огномет
Огномет Лондон/kevin-hackert/Unshplash

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан се соочува со интензивни барања за промена на одлуката да се откаже овогодишниот новогодишен огномет. Втора година по ред, овој спектакл е откажан поради безбедносни причини поврзани со ковид -19, пренесува Sun.

Министерот за здравство, Сахид Џавид денес изврши притисок врз градоначалникот да размисли, коментирајќи дека „не може да ја разбере оваа одлука која е просто убивање на духот на новогодишното славје“.

Интервенцијата на министерот предизвика кавга во парламентот. Еден од изворите вели:

„Потребна е една година за да се организира ваков настан и од овие размери. Поголем дел од годината бевме во „затвор“ и неизвесност поврзани со ковид -19, а владата не можеше да потврди дали ќе може да продолжиме со масовни собири“

Огнометот во Лондон пред неколку дена беше официјално откажан и оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот