Градоначалникот на Лондон: Британија заслужува подобро од Џонсон

Садик Кан/ Фото EPA-EFE/VICKIE FLORES

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан на својот Твитер профил вечерва напиша дека Велика Британија заслужува повеќе од премиерот Борис Џонсон.

Гневот кој се насобра околу британскиот премиер во последнава година постојано расте, а вечерва очигледно го достигна неговиот врв.

По оставките на двајцата влијателни министри, Саџид Џавид и Риши Сунак, притисокот врз Џонсон дополнително се зголеми.

„Лондончани знаат, Британците знаат, дури и неговиот кабинет знае. Забавата заврши“ напиша Кан на својот Твитер профил.

Се ближи крајот за Борис Џонсон?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот