Градоначалникот на Кисела Вода до граѓаните: Премногу се дига врева за работи од технички карактер

Новиот предлог Детален урбанистички план кој треба да го донесе Општина Кисела Вода повторно предизвика интерес кај граѓаните. Граѓаните кои живеат на градска четврт Ј11, односно на улица Пушкинова се против новиот предлог ДУП. Тие не сакаат изградба на нова сервисна улица која ќе поминува над подрумите и подземните гаражи, но се обидуваат и да го предомислат градоначалникот да даде одобрение за градба на нова седумкатница.

Од општина Кисела Вода објаснуваат дека дури и да не се донесе новиот Детален урбанистички план, улицата ќе се изгради бидејќи како сообраќајно решение е застапена и во стариот ДУП кој е на сила се до донесувањето на новиот.

-Ги разгледуваме сите барања на граѓаните, се разработува сообраќајно решение за влез во новата градинка која треба да се гради. На сила е постоечки план од 2012 година а сообраќајното решение го имаме од тогаш. Сообраќајното решение не смее да се менува и да се изгласа нов дуп. Единствен начин да се промени сообраќајно решение е да направи петиција, која може да се однесе во Град Скопје, кои се и надлежни за сообраќајните решенија во градот, велат од Кисела Вода.

Едни се жалат дека им фалат паркинзи, а другите не го даваат зеленилото. Никој не сака изградба на нова зграда во соседството.

-Не сакаме изградба на нова улица, која ќе поминува над подземните гаражи и подруми, нема да можеме ни прозор да отвориме, се жали еден од засегнатите жители на општината.

Друг бара да се изградат нови паркинзи бидејќи нема каде да се паркираат возилата.

-Не сакаме паркинг бидејќи ќе треба да се исече зеленилото, реагира друг.

Поголемиот број се против изградбата на нова зграда.

-Изградбата на нова зграда ќе биде на приватна парцела. Се уште нема одобрение за градба. Зградата има планиран развој, и нема да биде повисока од останатите згради во околината. Важно е да се нагласи дека нема промена во планот во однос на нова градежна парцела, велат од Кисела Вода.

Парцелата на која треба да се гради нова зграда и градинка

Сепак, од тоа што може да се забележи планираната катност во сегашниот ДУП е приземје, три ката и поткровје, додека во новиот предлог ДУП истата ќе биде приземје, шест ката и поткровје. 

-На локацијата на која ќе се гради градинка нема да има оптеретување на самиот ДУП. Премногу се дига врева за работи кои се од технички карактер. Имаме готов проект за градинката, и треба да се реализира, рече вчера градоначалникот Филип Темелковски, на средбата со граѓаните.

Во Оваа годишна програма е влезена реконструкција на улица Пушкинова, што е генерален проблем. Комисијата треба да одговара по анкетни листови, заврши јавната анкета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот