Градоначалникот на Карпош, Богоев поканет на молитвен појадок кај Трамп

Богоев на Фејсбук најави средби со повеќе конгресмени, како и со претставници на National Democratic Institute и International Republican Institute (IRI).

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев во понделник ќе ги посети Соединетите Американски Држави на Националниот молитвен појадок, чиј покровител е претседателот на САД, Доналд Трамп.

Богоев на Фејсбук најави средби со повеќе конгресмени, како и со претставници на National Democratic Institute и International Republican Institute (IRI).

-Овој настан обединува повеќе од 3.500 гости, светски лидери, претставници на бизнис секторот, верски водачи и истакнати личности кои зборуваат на политички и социјални теми- напиша Богоев на својот Фејсбук профил.

Пред два дена своето учество го потврди и Николоски.

Молитвениот појадок се одржува уште од 1953 година секој прв четврток во февруари. Идејата е на Абрахам Вереида, методист од норвешко потекло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот