Градоначалникот на Чаир му ја “украде” славата на Мајкл Џордан (ФОТО)

Фејсбук

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу викендов објави фотографија на социјалната мрежа Фејсбук, како меѓу другото игра кошарка. Но според тоа што може да се види од фотографијата Ганиу многу професионално го практикува и овој спорт, освен футбалот.

Тој пред да стане градоначалник на општина, беше успешен тренер кој работел со фудбалерите од новата генерација и со првата екипа на фудбалскиот клуб Шкупи.

Викендов, друштво на Ганиу при спортувањето му правел и неговиот колега, градоначалникот на Гази Баба.

Фејсбук

„Убав септемвриски сончев ден и заедно со директорот на ЈП “Паркови и зеленило“ Ардијан Муча и Градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски ги земавме велосипедите и се сретнавме кај паркот во Гази Баба, за да уживаме во природата и за да заиграме малку кошарка на денот познат како Ден без автомобили. Вака се живее по здраво, затоа сакајте и ценете ја природата! Со ова сакавме да пренесеме јасна порака за големата важност на употребата на велосипедот како средство за транспорт за почист воздух, но и за потребата од практикување на рекреативен спорт кој не соединува и ја чува нашата здравстена виталност“, напишал Ганиу на социјалната мрежа, објавувајќи и фотографии.

Фејсбук
Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот