20.8 C
Скопје

Градоначалникот на Бутел за убиениот Идризи: Ми беше другар цел живот, не сум видел лошо од него

Од детство, од четири години, па сѐ до вчера, бевме заедно. Јас го знам многу поразлично, изјави градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски за порталот А1он, во врска со бруталното убиство на неговиот пријател, Камер Идризи.

– Тој ми е комшија, којшто е две години помал од мене. Со брат му сум генерација, заедно учевме во основно училиште, се дружевме. Така што, некои работи не можеш да ги бираш. Тоа е тоа. Од детство, од четири години, па сѐ до вчера, бевме заедно. Јас го знам многу поразлично. Мене ми бил другар цел живот, помал е, сум го сакал, сум го дружел. Јас, како што го зборат, не сум го доживеал никогаш во живот. Тоа што сум му кажал некои работи, во принцип ме слушал. Како постар брат, бидејќи со неговиот починат брат и другиот брат, сме биле комшии, другари. Секој има своја приказна, јас не сум видел лошо од него. Во принцип сум го карал, бил помал. Комшија од дете ми е, кога моите родители ја изградиле куќата, тие ја добиле бараката. Сум немал ниту работа, ниту бизнис, туку било чисто другарство. За мене секогаш бил во ред, вели Смилевски за А1он.

Детали за престрелката во Бутел 2: Пукано кон двајца мажи, едниот починал во болница

Поврзани вести

Состојбата му е сериозна: Четиринаесетгодишно момче од Загреб испило литар вотка и завршило во болница

Катерина Стевовска

ВИДЕО | Заев: Ја враќаме довербата меѓу македонскиот и бугарскиот народ

Слободен печат

СЗО: Делта сојот полека станува доминантен во светот

Слободен печат

ВИДЕО | Ѓорчев: Бугарија има проблем со реалноста за постоењето на македонската нација и македонскиот јазик

Слободен печат

Санкционирани 83 возачи на автопатот Скопје – Велес поради брзо возење

Слободен печат

ВИДЕО | Трагедија во Перу: Во автобуска несреќа загинаа 17 патници

Слободен печат

Остави Коментар