Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски позитивен на Ковид-19 вирусот

Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски е позитивен на Ковид-19 вирусот. Пекевски кој во текот на изминатите денови имал благи симптоми направил тест, чиј резултат утврдил присуство на Ковид-19 вирусот.

Во својата изјава до јавноста Пекевски вели дека своите работни обврски во време на изолација во наредниот период ќе ги извршува од својот дом.

-Почитувани сограѓани, во време на здравствена криза, чувствувам обврска, да ве известам, дека по добивањето на благи симптоми и по направениот тест за Ковид 19, резултатот од моето тестирање излезе позитивен. Ве известувам дека, како Општина, гарантирајќи ја здравствената сигурност на граѓаните, работните обврски, до завршување на периодот на лекување, ќе продолжам да ги извршувам од својот дом, истакна Пекевски.

Ова како што додаде градоначалникот на Берово е доказ дека вирусот никого не остава имун поради што упати апел до граѓаните за почитување на мерките за заштита.

-Чувајте се, почитувајте ги мерките за заштита и придонесете за доброто во заедницата, заштитувајќи го колективното здравје, додаде Пекевски.

Во Берово во изминатите денови е забележано значително зголемување на бројот на новозаразени од вирусот поради што Општината презеде низа дополнителни мерки за заптита на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот