Градоначалникот Мерко: Сите сме ангажирани за да се справиме со штетата од Ковид-19, кој за среќа во Струга се уште го нема

-Неколку дена траат сите мерки од владата и локалната самоуправа. Сите до еден се ангажирани и организирани на ниво на својата одговорност за да се справиме со штетата од КОВИД-19, кој за среќа во Струга се уште го нема. Ние мора да се справиме со она што можеби не чека денес или утре, рече во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

Тој кажа дека стружани целосно ги почитуваат препораките на Владата и дека сега загриженоста е на пониско ниво, откако се затвори границата со Албанија,

-Загрижени сме за отворената граница со Албанија, бидејќи имаше многу граѓани кои од Албанија бегаа и доаѓаа тука во Охрид, Струга. Сега со затворањето е полесно и за нас, бидејќи се намалува интензитетот на влез-излез. Морам да кажам дека во целост граѓаните на Струга ги почитуваат препораките на Владата. Вчера беа земени брисеви од граѓани, дојденци во Струга, но како штоп разбрав тие се негативни на тестовите, изјави Мерко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот